Пред самиот почеток на руската специјална воена операција во Украина, според официјалните податоци, Украина поседувала 152 авиони од сите видови кои биле подготвени за борбени операции, додека Русија имала дури 2.099.
Според руски извори, од 24 февруари до денеска биле уништени 404 украински авиони и хеликоптери и над илјада и пол беспилотни летала. Метафорично кажано, имајќи ја предвид бројната состојба на авијацијата пред почетокот на специјалната воена операција во Украина, можеме да кажеме дека украинската авијација беше уништена речиси три пати.
Потсетуваме дека само во првите неколку дена, при четири огромни комбинирани руски напади, беше уништен огромен дел од украинскиот противвоздушен систем. Рускиот претседател Владимир Путин веќе на почетокот на март изјави дека руската армија речиси го завршила уривањето на воената инфраструктура во Украина.
Уништена е практично целата оперативна украинска авијација Уништени се голем број аеродроми, а речиси половина од украинската авијација е уништена или во воздух или на земја.
Во првите неколку дена беа уништени бројни хангари, авионски писти, тенкови, резервни позиции, магацини.Руската армија го уништи практично целиот противвоздушен систем на украинската армија.
Од тој момент, Украинците можеа да полетаат само поединечно со крајно ризични обиди. Како што одминува времето, растечката економска криза ги погодува членките на Европската унија, Америка и многу други. Русите не изјавуваат без причина дека всушност сè уште ништо не започнале.
Наспроти Украина стои моќна флота на земја со огромни ресурси. Додека украинскиот претседател Володимир Зеленски секојдневно моли за ново оружје, на Запад има се поголем број политичари кои веруваат дека несовесното доставување оружје во Украина стана неоправдана фарса.
Пред само неколку дена, на истиот ден, украинските војници ги напуштија тенковите добиени од Полјаците и ХИМАРС, чиј компјутер поради непрофесионална употреба ја откажал послушноста.Се поставува прашањето, дали има смисла да се праќа оружје доколку лицето кое го прима не знаат како да ги користат?
Нулта точка/Вести









