Американскиот претседател Џо Бајден е одговорен за ескалацијата на кризата во Украина, тврди водителот на Fox News, Такер Карлсон.
Карлсон во својата емисија истакна дека политиката на актуелниот шеф на државата, како и на потпретседателката Камала Харис, ја предизвикала одлуката на Москва да започне специјална операција. Тој потсети дека руските власти неколку пати го нарекоа евентуалниот влез на Украина во НАТО, промовиран од САД, црвена линија. –
И неколку дена откако Русите го кажаа тоа по 50-ти пат по ред, Камала Харис пристигна на Минхенската безбедносна конференција и јавно ја покани Украина да влезе во НАТО. Таа ги кажа зборовите што некој од Стејт департментот и ги напишал и точно знаеле што прават кога го напишале ова. Тие го сакаа конфликтот со Русија што го имаме сега. Патем, ништо не добиваме во сето ова. Главните американски загуби досега беа нашата економија која умира – нагласил Карлсон.
Во исто време, новинарот забележал дека медиумите се обидуваат да ја сокријат од јавноста директната вина на Бајден за започнувањето на украинската криза. На 24 февруари Русија започна специјална воена операција во Украина.
Владимир Путин како своја цел ја наведе „заштитата на луѓето кои осум години биле изложени на малтретирање и геноцид од режимот во Киев“. За ова, според него, се планира да се изврши „демилитаризација и денацификација на Украина“, да се изведат пред лицето на правдата сите воени злосторници одговорни за „крвавите злосторства врз цивилите“ во Донбас.










