Тајванската телевизија емитува директен пренос од аеродромот во Тајпеј, каде слета претседателката на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси.
Американскиот специјален лет со Ненси Пелоси слета во административната престолнина на Тајван, Тајпеј, пренесува Flytradar.
Прекинат е протестот против посетата на Ненси Пелоси пред хотелот Гранд Хајат во Тајван.
Кинески ловци Су-35 се упатиле кон Тајванскиот теснец, јавува кинеската централна телевизија. Во меѓувреме, Белата куќа соопшти дека не е одговорна за патувањето на Пелоси на Тајван. Десетици борбени авиони на американските воздухопловни сили тргнаа од базите во Јапонија на пат кон Тајван.









