Голем прилив на бегалци и мигранти го оптоварува малиот јужен италијански остров Лампедуза во последните денови. Тамошниот прифатен центар има капацитет за 350 луѓе, а моментално веќе ги има над 1.800. Медитеранските земји на главните бегалски и мигрантски рути кон Европа очекуваат оваа година да пристигнат повеќе од 150.000 луѓе бидејќи недостигот на храна предизвикан од руската војна во Украина може да поттикне нов бран мигранти од Африка и Блискиот Исток.
Бројот на пристигнувања на бегалци и мигранти во Италија е зголемен за речиси една четвртина во споредба со 2021 година.









