Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев денеска предупреди, коментирајќи ја гасната криза поради војната во Украина, дека во Европа „наскоро доаѓа зима“ и дека „алтернативните испораки на гас, нафта и јаглен се скапи или едноставно нереална“.
– Студот доаѓа наскоро, изјави Медведев на Телеграм, пренесе Ројтерс. – Никој не ја откажа зимата, а алтернативните испораки на гас, нафта и јаглен се скапи или едноставно нереални, изјави поранешниот претседател на Русија.
Кремљ денеска објави дека турбината за гасоводот Северен тек 1, најголемиот гасовод за Европа, се уште не е испорачана од ремонт во Канада и дека од утре се очекува преполовување на протокот на гас низ тој гасовод поради суспензијата. на друга турбина.
Европската унија ја обвинува Русија за прибегнување кон економска уцена, додека московските власти тврдат дека намаленото снабдување со гас во Европа е резултат на технички проблеми и санкции од Западот поради руската воена операција во Украина.
Нулта точка/Вести










