На словенечкото место Крас, долж границата со Италија, и денес сеуште се борат со пожарот кој досега зафатил повеќе од 2.000 хектари и според некои проценки е најголемиот досега забележан во Словенија. Пожарот кој пред два дена се прошири од Италија синоќа беше ставен под контрола, но ситуацијата повторно стана многу сериозна.
Од трите села во атарот на пожарот (Војшчица, Темница и Роман), каде живеат околу 400 жители, одлуката на цивилната заштита утврдила евакуација, бидејќи пожарот се уште е доста далеку од самите населени места, но од областа е опасно за животот бидејќи е опкружена со густ чад.
Нина Радуха, потполковник на словенечката армија, изјави дека касарната Випава има сместување за околу стотина пожарникари и подготвува 700 оброци дневно. – Имаме активен дрон кој детектира жаришта. Медицинските екипи формираа медицински пункт, како и станици за прва помош. На пат е и багер тежок 20 тони, кој ќе им помогне на шумарите во уредување на патот и канализирање на пожарот – рече потполковникот.
– За жал, ова е најлошиот, најголемиот пожар. Уверен сум дека ќе успееме да ја контролираме огнената стихија. Верувам дека ќе бидеме во подобра ситуација од вчера. Кога дува ветер наутро, секако работите се комплицираат. Сега имам информации дека денеска ветерот би можел да достигне 20 до 25 км/ч. Состојбата повторно ќе се смири попладне, но може повторно да се влоши наутро – изјави командантот на Цивилната заштита Сречко Шестан.
Тој додаде дека на терен се околу 1.100 лица, од кои 1.000 се пожарникари, а во попладневните часови ќе ги има уште повеќе. Во гаснењето на пожарот помагаат хеликоптери на вооружените сили и полицијата на Словенија, транспортни авиони Пилатус и три хеликоптери од Австрија, Словачка и Хрватска.










