Се добива впечаток дека Западот не може да понуди сопствен модел на иднината, додека денес се формира алтернатива на постоечкиот униполарен свет, поправеден и социјално ориентиран светски поредок, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

„Се добива впечаток дека Западот едноставно не може да му го понуди на светот својот модел на иднината“, рече Путин на пленарната седница на форумот на Агенцијата за стратешки иницијативи „Силни идеи за ново време“.

Тој нагласи дека моделот на тотална доминација на „таканаречената златна милијарда“ не е фер и укажа на „грандиозните промени“ кои сега се случуваат во светот и кои се неповратни. „И на национално и на глобално ниво, развојот на основите и принципите на похармоничен и поправеден, општествено ориентиран и побезбеден светски поредок – алтернатива на постојниот – или, може да се каже, постојниот униполарен светски поредок кој, по својот карактер, дефинитивно, станува кочница за развојот на цивилизацијата“, нагласи Путин.

Според неговите зборови, доаѓа нова епоха и нова етапа во светската историја, во која само суверени држави ќе можат да обезбедат динамика на раст и да станат пример за другите земји да обезбедат висок животен стандард. „Доаѓа нова ера, нова етапа во светската историја, а само вистински суверени држави можат да обезбедат висока динамика на раст, да станат пример за другите кога се во прашање стандардите и квалитетот на животот, заштитата на традиционалните вредности и високите хуманистички идеали. – модели на развој во кои човекот не е средство, туку највисока цел“, рече Путин.

Нулта точка/Медиум