Европската комисија потпиша меморандум за разбирање со Азербејџан за двојно зголемување на увозот на азербејџански природен гас на најмалку 20 милијарди кубни метри годишно до 2027 година.

„Денес, со овој нов меморандум за разбирање, отвораме ново поглавје во нашата енергетска соработка со Азербејџан, клучен партнер во нашите напори да се оддалечиме од руските фосилни горива“, рече претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен во понеделникот за време на посетата на Баку.