Саудиска Арабија тврди: „За време на посетата на Бајден немаше дискусија за формирање на одбранбен сојуз меѓу земјите од Заливот и Израел“.

by Administrator

Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија во саботата изјави дека не запознат за било какви  разговори за одбранбен сојуз меѓу земјите од Персискиот залив и Израел и дека Саудиска Арабија не е вклучена во такви разговори.

Да потсетиме, во пресрет на посетата на Бајден на кралството, Саудиска Арабија одлучи да го отвори својот воздушен простор за израелските авиокомпании, но не се зборувало за формирање на одбранбен сојуз, иако тоа е нешто на што САД работат во обид да ги обедини своите два главни блискоисточни сојузници, Израел и Саудиска Арабија, против Иран.

You may also like