Бајден вчера ја заврши посетата на Саудиска Арабија и се чини дека со празни раце се враќа во САД. Да потсетиме, главната цел на американскиот претседател беше да ги убеди саудиските власти да го зголемат производството на нафта за да ја намалат светската цена. Но, нема индикации дека тоа го добил.
За време на вчерашниот самит со 9 арапски лидери во Саудиска Арабија, Бајден посочил дека САД ќе продолжат да бидат присутни на Блискиот Исток, но одредена конкретна поддршка во однос на идејата за создавање воен сојуз (кој би бил насочен против Иран и во поширока смисла против Русија и Кина ) исто така не добил.
Посетата сепак треба да послужи како извесно закрепнување на саудиско-американските односи, но примарно од тоа корист би имал само Ријад, а тоа не е вообичаено за САД, да влегува во било какви разговори и соработки, а притоа да нема било каква корист.










