Светската популација се очекува да достигне 8 милијарди луѓе на 15 ноември, според прогнозата на ОН објавена денеска, која прецизира дека Индија ќе ја престигне Кина како најнаселена земја во 2023 година.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека ова е моментот да се размисли каде се недостатоците во меѓусебните односи. Ова е можност да ја прославиме нашата различност, да го препознаеме заедништвото на човештвото и да му се восхитуваме на напредокот во здравствената заштита што го зголеми животниот век и драматично ги намали стапките на смртност за време на породувањето и меѓу децата – додал Гутереш.
Во прогнозата на Одделот за економски и социјални прашања на ОН се наведува дека светското население расте со најбавно темпо од 1950 година. Се очекува дека на планетата ќе има 8,5 милијарди луѓе во 2030 година или 9,7 милијарди во 2050 година. По 2080 година се очекуваат околу 10,4 милијарди, а потоа бројката ќе остане дури до 2100 година. Во неколку развиени земји наталитетот се намалува, а повеќе од половина од проектираниот раст на бројот на луѓе во наредните децении се очекува во осум земји – Конго, Египет, Етиопија, Индија, Нигерија, Пакистан, Филипини и Танзанија. .









