57
Рускиот претседател Владимир Путин им го честиташе Курбан Бајрам на верниците од муслиманска вероисповед и ја посочи нивната улога во животот на Русија, соопшти денеска Кремљ.
Со благодарност зборувам за тоа дека муслиманската заедница во Русија која активно учествува во животот на земјата, посветува неуморно внимание на спроведувањето на обемни хуманитарни и образовни иницијативи и ја учи помладата генерација да ги почитува традициите и обичаите на своите предци. се наведува во соопштението.
Рускиот претседател истакна дека активностите на муслиманската заедница се од големо значење за одржување на меѓуетничкиот мир и хармонија во општеството. Путин на муслиманите им посака здравје, успех, среќа и напредок.
