Муслиманите ширум светот денеска го слават најголемиот празник – Бајрам.
Зборот Бајрам доаѓа од персиско потекло, а на турски значи празник. Зборот Шериф, има арапско потекло, а на турски значи честит.
Благословен на турски значи зборот Мубарек, а тој е од арапско потекло. Олсун на турски значи „нека биде“. Тоа значи дека поздравот: Бајрам Шериф Мубарек Олсун всушност значи: „Нека ви е честит празникот“.
Кога ќе одговориш „Алах рази олсун“, тоа значи дека си рекол „Алах да биде задоволен од тебе“. Бајрам Шериф Мубарек Олсун! За време на Бајрамските празници муслиманските верници ги посетуваат и им честитаат на своите најблиски, роднини, соседи и пријатели.
Посетите на роднините се задолжителен и составен дел на муслиманските бајрамски празници. Уредниците на порталот Dubai-portal.com.mk. на сите муслимански верници им го честитаат Бајрам со желби наредните денови да ги поминат во мир и среќа со своите семејства – Бајрам Шериф Мубарек Олсун.









