Во комплексот Ал Акса во Ал Кудс (Ерусалим), близу 150.000 верници денес клањаа Бајрам. Муслиманите ширум светот денеска го слават првиот од четирите дена, а верниците се молеа во комплексот Ал Акса во окупираниот Источен Ерусалим.

Канцеларијата за исламски донации во Ал Кудс соопшти дека на утринава Бајрамска молитва присуствувале речиси 150.000 верници од Палестина и други делови од светот. По молитвата следеуваше традиционална честитка и принесување слатки.

Од друга страна, палестинската новинска агенција ВАФА јавува дека израелската полиција од синоќа е распоредена во старото јадро на источен Ерусалим. Израелската полиција го контролирала влезот во комплексот Ал Акса и не дозволила влез на многу Палестинци