Апелациониот суд во Абу Даби, ја осуди Израелката Фида Киван на доживотна казна ,поради поседување нелегална супстанција, откако минатата недела ѝ ја ублажи смртната казна, соопшти нејзиниот одбранбен тим.

Адвокатите Тами Улман и Шади Сруџи ја поздравија одлуката на судот, велејќи дека кошмарот заврши сега кога судот ја укина смртната казна, додавајќи дека сега ќе направат се што можат за да ја донесат во Израел што е можно побрзо.

Киван (43), жителка на Хаифа, беше уапсена во март 2021 година и обвинета за трговија со дрога, откако локалните власти пронајдоа над половина килограм дрога , вклучувајќи марихуана и кокаин, во станот во кој таа престојуваше.

Минатиот април, понискиот суд ја осуди на смрт, но Федералниот апелациски суд во Абу Даби ја укина казната.

„Никогаш во целиот мој живот не мислев дека ќе добијам смртна казна. Мислам дека тоа нема да се случи. Ова е модерна земја“, изјави Киван за израелската телевизија „Kan“, во април.


„Dubai-Portal“