Европската унија вчера предупреди на „можното“ раселување на Палестинците од Западниот Брег, бидејќи Израел продолжува да ги принудува жителите да излезат од Масафер Јата по судска одлука.

Во обиколката на Масафер Јата, на окупираниот Западен Брег, амбасадорот на ЕУ на окупираните палестински територии, Свен Куен фон Бургсдорф, предупреди: „Ако масовните иселувања и присилниот трансфер би биле случај, тоа би било најголемиот присилно раселување со децении“. Тој додаде дека е „загрижен за ситуацијата“.

Израелската окупаторска армија се обидува да ги принуди Палестинците од најмалку 12 заедници на Масафер Јата, тврдејќи дека нивните домови биле изградени во близина на зона за воена обука.

На 4 мај, израелскиот Висок суд на правдата, го одобри иселувањето на Палестинците кои живеат во Масафер Јата, за да се направи простор за израелска воена обука. Локалните извори известија дека од пресудата биле срамнети 27 згради, а биле издадени уште најмалку 30 наредби за уривање.

Околу 1.200 луѓе, вклучително и 580 деца, сега се изложени на непосреден ризик од принудно иселување и раселување, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA).

Тие ќе ги загубат своите домови, имоти, пристап до вода, средства за живот, примарни здравствени установи и училишта, додадоа од ОН (OCHA), наведувајќи: „Ова може да значи присилно префрлање, сериозно кршење на меѓународното хуманитарно право и, со тоа, воено злосторство.”

Според статистичките податоци на ОН, Израел од 2011 година урна или експроприра 217 палестински згради во Масафер Јата, што доведе до раселување на 608 Палестинци.


„Dubai-Portal“