Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокотденес изјави дека Западот е добредојден да се обиде да ја победи Русија на бојното поле, пренесе Ројтерс.
Русија само што започна со Украина, рече Путин во остриот говор пред парламентарните лидери, а изгледите за какви било преговори ќе стануваат послаби колку подолго се одолговлекува конфликтот.
„Денеска слушаме дека сакаат да не победат на бојното поле. Што можете да кажете, нека се обидат“, изјавил Путин во телевизиското обраќање до лидерите на парламентот.
„Многу пати сме слушнале дека Западот сака да се бори со нас до последниот Украинец. Ова е трагедија за украинскиот народ, но се чини дека сè работи кон тоа“. „Сите треба да знаат дека, во најголем дел, сè уште не сме започнале ништо сериозно“, додал тој.
„Истовремено, не ги отфрламе мировните преговори. Но, оние што ги отфрлаат треба да знаат дека колку подалеку се оди, толку потешко ќе им биде да преговараат со нас“.










