Австрискиот парламент во средата едногласно усвои резолуција за геноцидот во Сребреница, со која се оддава почит на Бошњаците убиени во тој град во јули 1995 година, јавува Anadolu Agency. Резолуцијата бара од австриските власти да продолжат со активна поддршка на комеморацијата на геноцидот во Сребреница заедно со другите членки на Европската унија.
Усвојувањето на резолуцијата уследи по овонеделната официјална посета на австриската министерка за правда Алма Задиќ на Босна и Херцеговина. Во текстот на резолуцијата се наведува дека таа е донесена по повод 27. комеморација на етничкото чистење и геноцидот во Сребреница, која е прогласена за заштитена зона со Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН од 16 април 1993 година. „Силите на босанските Срби предводени од генералот Ратко Младиќ и врз основа на наредбата на тогашниот претседател (ентитет на Босна и Херцеговина) Република Српска го окупираа и го освоија овој град. Во текот на следните неколку дена беа извршени масакри под команда на генералот Младиќ, во кои учествуваа војници, паравоени единици и нерегуларни полициски единици на босанските Срби“, се вели во соопштението.
Резолуцијата потсетува дека биле убиени над 8.000 бошњачки мажи и момчиња кои барале заштита од Заштитните сили на Обединетите нации (УНПРОФОР). „Во исто време, приближно 30.000 жени, деца и постари (луѓе) беа насилно протерани во голема операција за етничко чистење. Ова го направи овој настан најтешко воено злосторство во Европа од крајот на Втората светска војна“, се вели во резолуцијата. Во текстот на резолуцијата понатаму се наведува дека сите тие „трагични настани во Сребреница“ оставиле преживеаните со „трауми и длабоки емоционални лузни“. Австриските претставници понатаму рекоа дека со резолуцијата на Европскиот парламент 11 јули е прогласен за Европски ден на сеќавање на жртвите од Сребреница. „За да имаме мирна иднина и успешен соживот, неопходно е сите политички претставници – и во Босна и Херцеговина и во светот – да се соочат со најмрачните поглавја од историјата и да го признаат минатото. Комеморацијата на геноцидот во Сребреница и солидарноста со жртвите се клучни за подобра иднина за сите граѓани на Босна и Херцеговина, како и за зајакнување на историската свест дека ваквите страшни злосторства никогаш не смеат да се повторат“, се заклучува во резолуцијата.
Геноцид во Сребреница
Во јули 1995 година, Сребреница беше опколена од српските сили кои се обидуваа да ја заземат територијата од босанските муслимани и Хрвати за да формираат држава. Советот за безбедност на ОН ја прогласи Сребреница за „заштитена зона“ во пролетта 1993 година. Сепак, српските трупи предводени од генералот Ратко Младиќ – кој подоцна беше прогласен за виновен за воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид – ја окупираа зоната на ОН. Холандските трупи не дејствуваа додека српските сили ја окупираа областа, убивајќи 2.000 мажи и момчиња во еден ден. Околу 15.000 луѓе од Сребреница побегнале во околните планини, но српските војници ловеле и убиле уште 6.000 луѓе.
Во 2007 година, Меѓународниот суд на правдата во Хаг пресуди дека во Сребреница бил извршен геноцид. На 8 јуни 2021 година, судиите на Трибуналот на ООН во второстепениот судски процес ја потврдија пресудата со која Младиќ беше осуден на доживотен затвор за геноцид, прогон, злосторства против човештвото, истребување и други воени злосторства во Босна и Херцеговина.









