Директорот на американското ФБИ и шефот на британската разузнавачка и безбедносна агенција МИ5, одржаа заедничко обраќање за да предупредат на заканата.

Првиот заеднички јавен настап на двајцата функционери се одржа во седиштето на МИ5 во Лондон, пишува „BBC“.

Директорот на ФБИ, Кристофер Вреј, рече дека Кина е „најголемата долгорочна закана за економската и националната безбедност“ и дека се меша во внатрешната политика на САД, вклучително и мешањето во неодамнешните избори.

Шефот на МИ5, Кен Мекалум, рече дека неговата служба повеќе од двојно ги зголемила своите активности во изминатите три години за да го спречи порастот на кинеските активности и дека наскоро ќе го засили надзорот над активностите на Кина.

„МИ5 сега спроведува седум пати повеќе истраги за активностите на Кинеската комунистичка партија во споредба со 2018 година“, додаде МекКалум.

Вреј предупреди дека кинеското заземање на Тајван „би претставува една од најстрашните економски катастрофи што светот некогаш ги видел“.

„Ни го одзема здивот“

Потоа МекКалум додаде дека предизвикот што го поставува Кинеската комунистичка партија „ги менува правилата на играта“, додека Вреј рече за кинеската закана дека нејзиниот опсег „го одзема здивот“.

Директорот на ФБИ ја предупреди публиката која слушаше, во која беа извршни директори на големи компании и членови на академската заедница, дека кинеската влада „има намера да им ја украде технологијата“, пишува „Jutarnji list“, повикувајќи се на „BBC“.

Тој исто така рече дека плановите на Кина претставуваат „уште посериозна закана за западните компании отколку што мислеа дури и многу софистицирани деловни луѓе“. Тој наведе случаи во кои луѓето поврзани со кинески компании во рурална Америка користеле генетски модифицирани семиња што би ги чинело милијарди долари и речиси една деценија да се развијат сами.

Тој, исто така, рече дека Кина распоредила сајбер шпионажа за да „измами и краде во масовен обем“, користејќи хакерски програми неспоредливо помоќни од која било друга голема земја.

Шефот на МИ5 додаде дека разузнавачките информации за сајбер заканите биле споделени со 37 земји и дека софистицираната закана за кинескиот воздушен простор била затворена во мај.

Мешање во изборите

Директорот на ФБИ, пред толпата изјави дека кинеската влада директно се мешала во конгресните избори во Њујорк оваа пролет, бидејќи не сакаат да биде избран кандидат кој е критички настроен кон Партијата и, кој учествувал на протестите на плоштадот „Tiananmen“.

„Ангажираа приватен истражител за да ископа клеветнички информации за кандидатот. Кога не можеа да најдат ништо, пробаа со сексуална работничка, а кога ни тоа не им успеа, планираа да исценираат сообраќајна несреќа“, објасни Вреј.

Тој, исто така, рече дека Кина сега извлекува „различни лекции“ од конфликтот во Украина. Тие вклучуваат тактики за осигурување од идни санкции како оние што ја погодија Русија.

„Ако Кина го нападне Тајван, економските пореметувања би биле неспоредливо поголеми од оние забележани оваа година. Западните инвеститори во Кина би станале „заложници“, а синџирите на снабдување би биле сериозно нарушени. Немам причина да мислам дека нивниот кинески интерес за Тајван на кој било начин опадна“, изјави директорот на ФБИ за новинарите, по презентацијата.


„Dubai-Portal“