Британскиот министер за здравство Саџид Џавид поднесе оставка од функцијата министер за здравство, велејќи дека Велика Британија има потреба од „силна и принципиелна Конзервативна партија“.

Тој се огласи преку социјалната мрежа Твитер каде напиша дека разговарал со премиерот на Велика Британија за поднесување оставка бидејќи не може со чиста совест да продолжи со работата:

„Разговарав со премиерот за оставка од функцијата државен секретар за здравство и социјална заштита. Беше голема привилегија да служам на оваа функција, но жалам што повеќе не можам да продолжам со чиста совест“, напиша Џавид и ја приложи писмената оставка.