Осум лица се ранети, а некои се во критична состојба во пукотницата што се случила во парк во американскиот град Минеаполис за време на прославата на 4 јули, соопштија денеска локалните власти.

Полицијата соопшти дека пукањето се случило околу 23:30 часот во понеделникот вечерта во паркот Бум Ајленд, пренесе АП.

-Гледавме огномет и слушнавме пукање. Слушнав куршуми како ми прелетуваат над главата, кон дрвјата. Стигнав само да се наведнам покрај езерото – изјави Кајла Лани за локалната телевизија WČO.

Полицијата во Минеаполис Парк соопшти дека нема официјална прослава на 4 јули или огномет во паркот, но луѓето се собрале таму за да го прослават националниот празник. Засега никој не е уапсен, а властите не соопштуваат детали за осумте ранети кои се во болници.