Се чини дека руските сили го освоиле Лисичанск, град околу кој со денови се водат жестоки борби, но како што пишува Би-Би-Си, и украинските и руските сили тврдат дека градот е под нивна контрола.

Украина: Градот не е окупиран

Украина тврди дека градот е под интензивно руско гранатирање и инсистира градот да не е окупиран, пренесува Index.hr. Меѓутоа, руските сепаратисти тврдат дека влегле во градот и стигнале до центарот на градот. Во исто време руските медиуми објавуваат видеа од руските сили кои парадираат низ улиците на Лисичанск. Би-би-си пишува и дека руските медиуми објавиле видео од поставувањето на руското знаме на управната зграда, но тоа не е потврдено.

Гувернерот на Луганската област Серхиј Хајдај изјави дека не се откажале од одбраната на Лисичанск и дека руските сили од сите страни се приближуваат кон опколениот град. Родион Мирошник, претставник на проруските сепаратисти во областа Луганск, за руската телевизија изјави дека Лисичанск е ставен под контрола, но се уште не е целосно ослободен. Би-Би-Си потсетува и дека Лисичанск е последниот град под украинска контрола во Луганск, дел од индустрискиот регион Донбас. Русија минатиот месец го освои блискиот град Северодонецк.

Во исто време, снимки и слики од чеченските војници во Лисичанск беа објавени од воениот аналитичар и блогер Роб Ли, од Кралскиот колеџ во Лондон. Видеото го направи Рамзан Кадиров, чеченскиот лидер кој вчера објави дека Лисичанск е целосно опколен.