Сириското Министерство за одбрана дека тврди дека биле истрелани проектили кон цели во близина на градот Ал Хамиди.

Сирија денеска го обвини Израел дека извршил „воздушна агресија“ преку Средоземното Море, како и дека биле истрелани неколку проектили врз цели во провинцијата Тартус, соопшти денеска сириското Министерство за одбрана. Во овој напад се ранети двајца цивили, од кои едната жена, а причинета е материјална штета, пренесува Ројтерс. Како што е наведено, Израел извршил напад со неколку ракети, кои биле лансирани од правец на Средоземното Море кон запад, врз цели во близина на градот Ал Хамиди, пренесе Танјуг.

Израел изврши стотици напади врз цели во Сирија во изминатите неколку години, но ретко ги признава таквите операции, за кои се вели дека се насочени кон базите на проиранските сојузнички милиции, како што е либанската милитантна група Хезболах, која има борци распоредени во Сирија на страната на сириските владини сили.на претседателот Башар ал Асад, наведува британската агенција.

Нулта точка/Медиум