ОАЕ испратија авион со 52 метрички тони храна за поддршка на украинските бегалци во Бугарија, објави во четвртокот новинската агенција Емирати (WAM).

Помошта доаѓа како дел од напорите „да се ублажи хуманитарното влијание со кое се соочуваат украинските бегалци“ во блиските земји, се вели во соопштението.

Во Бугарија моментално има над 90.000 украински бегалци.

Претходно овој месец, ОАЕ испратија авион со 27 тони храна и медицински материјали за украинските бегалци во Полска.

Од почетокот на војната во Украина, земјата испрати шест авиони во Полска и Молдавија, со 156 тони храна и медицинска помош и амбулантни возила, како дел од донацијата од 5 милиони долари.


„WAM“
„Dubai-Portal“