Јордан: „Не постои арапски сојуз, во кој Израел ќе биде дел”

by Administrator

Нема планови за воен сојуз во регионот кој го вклучува Израел, изјави јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Ал-Сафади, за „Al Jazeera”.

„Ова прашање не е на агендата на посетата на американскиот претседател Џо Бајден на регионот“, рече Ал Сафади, нагласувајќи: „Не постои арапски сојуз во кој Израел ќе биде дел. Немаше предлози за такво нешто.”

Неколку новински агенции објавија израелски и американски официјални претставници дека Израел и голем број арапски држави работат на создавање на заедничка воена алијанса поддржана од САД за да дејствува против Иран.

На почетокот на оваа недела, израелскиот министер за одбрана Бени Ганц рече: „Го градиме нашето широко партнерство со дополнителни земји во регионот за да обезбедиме безбеден, стабилен и просперитетен Блиски Исток. Меѓу другото, ова ја вклучува и воздушната одбрана“.

„Ќе го зајакнеме ова, бидејќи стабилен Блиски Исток е меѓународен, регионален и израелски интерес од највисок ред“, рече тој.

Ал Сафади рече дека неговата земја поддржува секоја заедничка арапска иницијатива, вклучително и воена, одбранбена или економска.

За време на интервјуто за „Al Jazeera”, Ал-Сафади ја повтори централноста на палестинското прашање, важноста на сириската кауза и неопходноста од безбедност за земјите од Персискиот залив.

„Имаме предизвици кои не туркаат да работиме заедно“, рече тој, „и ќе разговараме со САД за сите овие работи“.

Тој исто така рече дека арапските држави сакаат стабилни односи со Иран, но треба да се решат причините за тензијата за да се постигне тоа.


„Dubai-Portal“

You may also like