79
На 29.06.2022. година, во ОВР-Струга пријавено е дека на брегот на Охридско Езеро кај струшкото село Калишта, пронајдени се две стари гранати, информираат од СВР Охрид.
Увид и обезбедување на местото извршија полициски екипи. Подигнувањето на гранатите денеска ќе го изврши претставник на Дирекцијата за заштита и спасување.
