Додека претставниците на 30 земји од сојузот, како и партнери и кандидати, ќе работат на стратешкиот концепт до 2030 година, Роскосмос објавува сателитски фотографии од местото на одржување на самитот и самите „центри за донесување одлуки“, кои ги поддржуваат украинските националисти.
РОСКОСМОС – Руската државна вселенска агенција Роскосмос, со која раководи Димитри Рогозин, упати посебна честитка до членките на пактот на НАТО по повод самитот на алијансата во Мадрид, кој се одржува од 28 до 30 јуни.
Имено, Роскосмос објави сателитски снимки од Мадрид, Вашингтон Пентагон и Белата куќа, Лондон, Париз, Берлин, Брисел, со координати на точните локации и порака:
„Вчера во Мадрид почна самитот на НАТО, каде што западните земји ќе ја прогласат Русија за најголем непријател. Во исто време ги даваме координатите на објектите:
⚠️⚠️⚠️Satellite pics released by "Roscosmos" (Rus Space agency) on the eve of the Nato summit in Madrid Spain⚠️⚠️⚠️ pic.twitter.com/jIVhY7RYT3
— AZ 🛰🌏🌍🌎 (@AZmilitary1) June 28, 2022
Се наведува и дека во случај на напад со ракети со среден дострел од 300-500 километри на цели на руска територија, ќе следи одмазда во центрите за одлучување.









