Ѕвездата на „ДИВА“ судбоносното “ДА“ со Џеди Осман ќе го каже во Охрид

by Administrator

Турската актерка Ебру Шахин, која се прослави со улогата на Рејан во серијата „ДИВА“ (Херкаи), се подготвува за најсреќниот момент во животот.

Според турските медиуми, Сахин и светски познатиот кошаркар Xеди Осман овој петок ќе запловат во брак.

Парот судбоносното ДА ќе каже во Охрид, родниот град на познатиот кошаркар, во присуство на блиски пријатели и роднини. Свадбата во присуство на голем број пријатели, роднини и гости ќе се организира на 7 јули во Турција, односно во туристичкиот рај  Чешме, кој се наоѓа во близина на Измир.

You may also like