Турција нема да се приклучи на западните санкции против Русија, кои беа воведени поради украинската криза, изјави денеска портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин.

– Ние не воведуваме санкции и нема да им се придружиме. Мора да ги гледаме нашите интереси. Ако сите уриваат мостови, тогаш кој ќе разговара со Русија – изјави Калин во интервју за телевизијата Хабертурк, а пренесува ТАС С.

Тој нагласи дека економските односи на Турција со Русија се такви што санкциите ќе и нанесат поголема штета на турската економија отколку на руската. – Имаме јасен став (по прашањето за санкциите). Западот не го прифати тоа – рече Калин.