БАЊА ЛУКА – На социјалните мрежи се шири апел до граѓаните за организиран бојкот на точење гориво на бензинските пумпи, во знак на протест поради неконтролираниот раст на цените на нафтата и нафтените деривати.
Во апелот се посочува дека во текот на викендов, денес и утре, граѓаните да не точат гориво, а на тој начин се посочува и на неприфатливото поскапување.
„Додека цената на нафтата на светскиот пазар паѓа, цените на горивата во БиХ растат“, се вели во апелот, во која се истакнува дека во моментов цената на нафтата на светскиот пазар паѓа и на 22 јуни изнесуваше 106 долари за барел, додека цените на бензинските пумпи се зголемуваат и веќе надминуваат три и пол марки на литар.
„Tesanj“
„Dubai-Portal“











