Иран, ги отфрли и нарече како „смешни“ наводите на израелскиот министер за надворешни работи за време на посетата на Анкара дека Исламската Република планирала антиизраелски напади во Турција, пренесува „AFP“.

Според извештајот, Иран објавил изјава во која ги отфрла најновите наводи.

Израелскиот министер за надворешни работи, Јаир Лапид, во четвртокот и се заблагодари на Туркије за спречувањето на наводниот ирански заговор за атентат врз нејзините туристи во Истанбул.

Минатата недела, медиумите во Туркије објавија апсење на осум лица кои наводно работеле за иранска разузнавачка ќелија која планирала да убие израелски туристи во Истанбул.