Бејрут: Среба на лидерите на Хамас и Хезболах

by Administrator

Генералниот секретар на Хезболах, Хасан Насралах, се сретна со политичкиот шеф на Хамас, Исмаил Ханије, во Бејрут, јавува либанската група во четвртокот.

Во соопштението на Хезболах се вели дека разговорите меѓу двете страни се осврнале на политичките случувања и заканите во регионот.

Според изјавите, во разговорите биле опфатени случувањата на теренот на палестинските територии и Либан.

Ханије во вторникот пристигна во Бејрут во посета на Либан, за време на која се очекува да се сретне со либански претставници и лидери на палестинските фракции во Либан.

You may also like