Турскиот народ повеќе нема доверба во европските ветувања откако не ги исполни своите обврски во однос на напорите на Анкара за членство во ЕУ, кипарското прашање, борбата против тероризмот, илегалната миграција, изјави шефот на Канцеларијата за комуникации во Турција, Фахретин Алтун, пишува  Anadolu Agency.

„Морам со жалење да кажам дека турскиот народ повеќе не верува во зборовите на Европејците. Овие ветувања не се исполнети и затоа веќе не очекуваме зборови, туку дела“, подвлече Алтун во интервју за шведскиот весник „Svenska Dagbladet“.

Тој го истакна фактот дека Туркије долго време е вознемирена од присуството на терористичките групи ПКК и ФЕТО во Шведска.

„Зеленото светло за влез на Шведска во НАТО значи дека ние сме посветени на заштита на шведскиот народ во случај на напад според членот 5. Ако сакаме да преземеме таква одговорност за Шведска, мора да бидеме цврсто убедени дека турските граѓани нема да бидат нападнат со пари собрани во Шведска“, додаде Алтун.

Тој нагласи дека Туркије треба да се погрижи шведското оружје да не излегува од терористичките засолништа во Ирак или Сирија.

Откако Шведска поднесе барање за членство во НАТО, стана очигледно дека терористичката организација ПКК е моќна во Шведска и дека нејзините членови ја уценуваат шведската влада.

За Алтун клучното прашање е дали членството на Шведска во НАТО ќе и наштети на борбата против тероризмот.

„Мораме да бидеме сигурни дека Шведска ги поддржува вредностите на алијансата и безбедноста на нејзините идни сојузници. Наш приоритет е да ги заштитиме нашите граѓани, бидејќи тоа им го кажавме на шведските власти од самиот почеток“, нагласи Алтун во интервјуто.

Тој истакна дека Туркије традиционално ја поддржува политиката на отворени врати на НАТО.

„Дури и кога Грција го блокираше членството на Северна Македонија 11 години, ние бевме за проширување. ПКК, која Европската унија ја смета за терористичка организација, убива турски граѓани веќе 40 години. Овие напади не беа насочени само кон безбедносните сили. Тие убија десетици илјади. наши луѓе. Исто така, ФЕТО, кој се обиде да изврши државен удар во Туркије во 2016 година, се инфилтрира во државните институции низ годините. Нема да правиме никакви отстапки за тероризмот за да израдуваме некого“, додаде тој.

На 1 јули ќе се зaостри шведскиот закон за борба против тероризмот, а шведската министерка за надворешни работи Ен Линде остро го осуди тероризмот во последните денови.

Шведската влада пред неколку месеци не ни призна дека има проблем, рече Алтун, но додаде дека нејзиното признавање на проблемот е всушност позитивен напредок.


„AA“
„Dubai-Portal“