Турскиот капетан, Озџан Дерели, им ги спасил животите на околу 95 бегалцци напуштени на Средоземното Море, кај Малта.
Околу 92 Бангладешци, двајца Египќани и еден Мароканец се обидувале да поминат од Африка во Италија со гумен чамец.
Според локалните извештаи, авион на Малтешката крајбрежна стража го открил гуменот чамец и дал официјален сигнал за Мајдеј.
Озџан Дерели, турскиот капетан на бродот „M/V Aslıhan“, кој го примил сигналот, го сменил курсот и стигнал до мигрантите.
Земајќи ги мигрантите на палубата, Дерели ги известил властите на Малта.
Дерели ги испорача мигрантите на бродот „Sea Watch 4“, сопственост на германската хуманитарна организација „Sea Watch“, која доброволно патролира низ Средоземното Море за да им помогне на мигрантите.
„Среќни сме што им помагаме на овие 95 луѓе кои безнадежно чекаа сред морето“, рече Хусеин Чеби, офицер од компанијата сопственик на M/V Aslıhan, заблагодарувајќи им се на Дерели и неговиот екипаж.
„Dubai-Portal“









