Израелската министерка за внатрешни работи, Ајелет Шакед, ја потврди поддршката на нејзината земја за суверенитетот на Мароко над Западна Сахара.
Ова беше во изјавата за печатот што таа ја даде по разговорите со мароканскиот министер за надворешни работи Насер Бурит, во Рабат, објавена од „Maghreb Arabe Press“.
„Израел ја потврдува својата поддршка за суверенитетот на Мароко, над Западна Сахара“, рече Шакед.
Таа додаде дека во разговорите со Бурит станало збор и за блиските билатерални односи и заедничките проекти што ќе ги реализираат двете земји.
Претходно во вторникот, мароканскиот министер за внатрешни работи Абделуафи Лафтит, се состанал со Ајелет Шакед и разговарал за развојот на механизми за консултации за различни прашања од заеднички интерес.
Израелскиот министер за внатрешни работи во понеделникот на неодредено време ја започна официјалната посета на Мароко.
„Dubai-Portal“









