Палестинското исламско движење на отпорот Хамас, ги поздрави изјавите на портпаролот на ОН, Стефан Дујарик, кој повика на целосно прекинување на израелската опсада на Појасот Газа.
Дујарик во вторникот повика на целосно прекинување на израелската блокада на Газа, во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност на ОН од 2009 година.
„Денес е 15-годишнина од почетокот на блокадата во Појасот Газа“, рече Дујарик, говорејќи на прес-конференција во седиштето на ОН, во Њујорк
„Поради сиромаштијата, високата невработеност и други фактори предизвикани од блокадата, околу 80 отсто од населението во Газа е зависно од хуманитарна помош.“
Официјалниот претставник на ОН истакна дека само одржливите политички решенија можат да го намалат притисокот врз народот во Газа.
„Треба да се продолжат напорите за да се постигне компромис меѓу сите палестински политички групи“, рече тој.
„Оваа година се потребни 510 милиони долари за да се обезбеди храна, вода, санитација и здравствена заштита за 1,6 милиони луѓе, а сега имаме само 25 отсто од тоа“, рече Дујарик.
Во 2007 година, Израел воведе задушувачка блокада на Појасот Газа, ограничувајќи го видот и количината на стоки што влегуваат во Појасот и им забрани на Палестинците да го напуштат.
Хамас рече дека изјавите на официјални претставници на ОН, уште еднаш го откриваат степенот на страдањето на повеќе од два милиони Палестинци, како резултат на оваа неправедна опсада која јасно го крши меѓународното право и човековите права.
„Ги повикуваме ОН и сите тела за човекови права и меѓународни тела сериозно да ги сфатат сите овие изјави и извештаи, да работат на интензивирање на напорите за ставање крај на страдањата на нашиот палестински народ и да извршат притисок врз ционистичката окупација за укинување на опсадата“, рече Хамас.
Ја заврши својата изјава со нагласување на потребата „да се стави крај на политиката на апартхејдот што ционистичката окупација ја практикуваше врз нашиот палестински народ“.
„Dubai-Portal“










