Претседателот на Големото национално собрание на Република Турција Мустафа Шентоп во Истанбул го прими претседателот на Народното собрание на Република Србија Ивица Дачиќ.
Состанокот се одржа како дел од Глобалната парламентарна конференција за миграција, чиј домаќин беше Големото национално собрание на Турција, а беше организиран во соработка со Интерпарламентарната унија (ИПУ). Состанокот, на кој се разговараше за решенија кои би можеле да придонесат за мир во светот и решавање на бегалската криза, била затворена за новинарите.










