Сместена во градот Солт во близина на Аман, главниот град на Јордан, зградата од османлиската ера наречена Искандарани продолжува да го зачувува својот изглед и историја и покрај временските услови. Искандарани е прифатен како еден од симболите на отоманскиот период во Јордан. Овој историски објект, чија изградба датира од пред 180 години, е обновен во првобитната форма од наследниците со турско потекло, а денес служи како модерно кафуле за домашни и странски туристи.

Сопственикот на кафулето, 38-годишниот Мухамед Бакир, рече дека просторот најпрвин служел како ергела, а потоа бил претворен во слаткарница во 1960 година. Бакир додаде дека слаткарницата работела до 1982 година, истакнувајќи дека Искандарани бил напуштен до 2016 година.
– Подоцна, јас и вујко ми, кои потекнуваме од Искендерун, провинција во близина на турски Хатај, решивме зградата да ја претвориме во кафуле во сегашната форма. Ја викавме Искандарани, што значи некој од Искендерун, рече Бакир.

Наведувајќи дека просторот го карактеризира структура позната како мотив „Османлиски јазол“, тој рече дека половина од објектот е на дното на улицата и дека во внатрешноста на објектот има пештера во која се примаат гости. Сопственикот истакна дека атмосферата, менито и турската музика го издвојуваат од другите локали.


AA / Balkannews









