АНКАРА (АА) – Претседателот на Туркије (Турција), Реџеп Таип Ердоган, со официјална церемонија го пречека саудискиот престолонаследник, принцот Мухамед бин Селман, кој допатува во официјална посета на Туркије, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган го пречека Селман пред Претседателската палата во Анкара.
Саудискиот престолонаследник беше пречекан со највисоки државни почести, а на почетокот на пречекот беа интонирани химните на двете земји.
Саудискиот принц ја поздрави гардата на церемонијата.

Ердоган и Селман се поздравија со делегациите на двете земји, се фотографираа пред влезот на Палатата, а потоа преминаа на тет-а-тет средба, по која ќе учествуваат на меѓуделегациска средба.
На церемонијата од турската страна беа присутни потпретседателот на Туркије, Фуат Октај; министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу; министерот за животна средина, урбанизам и климатски промени, Мурат Курум; министерот за млади и спорт, Мехмет Мухарем Касапоглу; министерот за трезор и финансии, Нуредин Небати; министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу; министерот за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој; министерот за национална одбрана, Хулуси Акар; министерот за трговија, Мехмет Муш; шефот на Одделот за административни работи при турското Претседателство, Метин Киратли; шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун; портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин; претседателот на Управата за верски прашања, Али Ербаш, како и гувернерот на Анкара, Васип Шахин.
Anadolu Agency








