Палестинската група на отпорот Хамас се подготвува да ги обнови односите со сирискиот режим по 10-годишен прекин, изјави во вторникот палестински извор, пренесува „Anadolu“ Agency.

„Двете страни ќе отворат нова фаза во нивните односи во наредниот период“, изјави изворот, кој претпочита да остане неименуван, за агенцијата „Anadolu“.

Изворот рече дека либанската група Хезболах вложила „неуморни напори“ да посредува меѓу двете страни.

„Хезболах доби зелено светло за приближување на ставовите меѓу Хамас и сирискиот режим“, додаде тој.

Според изворот, потегот да се отвори нова страница во врските со сирискиот режим бил едногласно поддржан од раководството на Хамас.

Од 1999 година, Хамас го користеше Дамаск како свое седиште за своето раководство во странство, до 2012 година кога групата ја напушти земјата по ерупцијата на сирискиот конфликт.

Изворот рече дека сирискиот режим до неодамна бил против какво било зближување со Хамас.

Според изворот, неодамна се одржала средба меѓу лидерот на Хезболах, Хасан Насрала и највисокиот лидер на Хамас, на која тие се договориле за чекорите кон нормализирање на врските со сирискиот режим.


„Dubai-Portal“