Во мојата градина во скопско Нерези има пакшканат, цвекло, краставици, домати. Се трудам што е можно порано да почнам и да фатам до две или три берби од леа. Еве сега го вадам младиот компир, бидејќи тој стаса, а на негово место доаѓа празот, го споделува своите градинарски искуства за производство на здрава храна д-р Александар Митов во Утрински брифинг.

„Фактички постојано има нешто да се случува во градината. Посадивме и тикви, лубеници, разични салати секако. Мене ми е ова прва година, учам, така што внимателно влегувам во сето ова, изјави во Утрински брифинг“, д-р Александар Митов.

-Се трудам да не го заборавам и моментот на хербална медицина, бидејќи има голем тип растенија кај нас кои не се многу познати а се многу лековити. За сега почнав малку со зачините, но оставам простор да го работам тоа наредната година. Сега сакам на шега да кажам дека ова мене ми е теретаната, додава тој.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=ZTxakmfeH1s[/embedyt]


Sloboden pecat