Фудбалската федерација на Англија (ФА), Премиер лигата и Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) им се заканија на навивачите дека ќе затвораат стадионите доколку продолжи трендот на нереди како што беше случај на крајот од минатата сезона.

Тие се подготвени да ги затворат стадионите за да се запре враќањето на хулиганизмот на трибините и на терените. Премиер лигата, ФА и ЕФЛ планираат пред почетокот на новата сезона да соопштат дека непримерното однесување на навивачите ќе биде санкционирање, па дури и затворање на стадионите каде ќе има испади.

Кон крајот на минатата сезона се случија неколку инциденти, навивачи го нападнаа Бил Шарп од Шефилд јунајтед, жртва на напад од фановите на Евертон беше и менаџерот на Кристал Палас, Патриот Виера, додека навивачи на шампионот Манчестер сити на последниот натпревар во сезоната го удриле голманот на Астон Вила Робин Олсен.

„Ова е загрижувачки и тренд. Теренот е свето место за фудбалерите, официјалните лица и тренерите кои мора да имаат можност да бидат во безбедна средина. Ако погледнете некои од работите што се случија на крајот од минатата сезона, сликите беа вознемирувачки и ја немаше безбедноста за актерите на теренот. Фудбалската федерација е загрижена поради тоа и сака да ги врати работите во нормала преку воведување на најстроги можни санкции доколку е потребно. Мило ми е што и клубовите се подготвени да соработуваат со нас во решавањето на овој проблем. Премиер лигата и клубовите имаат заеднички став, мора да се реши овој проблем и да се воведат ригоризни казни и ниту една екипа не беше против тоа“, изјави изјави Деби Хјуит од ФА која најави и затворање на стадионите доколку продолжат испадите на навивачите.

„Се надевам дека ќе се согласиме да воведеме најстроги можни санкции што можеме и мислам дека доволно ви кажав какви ќе бидат тие казни.“


„Sloboden pecat“