Цената на нафтата на лондонскиот пазар утринава изнесува 114 долари по барел, што е зголемување за околу 1 процент во однос на вчерашниот ден. Претходните две недели цените на нафтата беа поблиску до рекордно ниво, кога цената на барелот беше 121 долар.
Цената на пченицата од утрово е во минус. Цената на пченицата е 1.046 долари за тон, што е пад од околу 3 отсто во однос на вчерашниот ден. Цената на пченката е 784 долари, што е слична вредност како и претходните денови.
„Sloboden pecat“










