Во интервју за ТВ21, словенечкиот претседател Борут Пахор изјави дека македонците се апсолутно во право што се разочарани од Брисел во однос на европските пат.
-Сакам да потврдам дека во целост сте во право што сте разочарани од Брисел… Што ние ветувавме? Ако го решите спорот со Грција…“, вели Пахор во интервју за ТВ 21.
Според него, промената на името во Северна Македонија било исклучително тешко, а тие како ЕУ не го оствариле ветеното.
-Тоа што го направивме беше тешко, насвистина тешко. Се подразбира дека тоа е поради ветото на Бугарија која има право на вето, . Ама видете, како и да е, тој авторитет и кредибилитет што Брисел го имаше во Македонија сега се губи.
Тоа им го кажувам на сите соговорници. Ова не е само во во Македонија, туку и во другите земји од Западен Балкан, истакнал словенечкиот претседател Пахор.









