Производството на сурова нафта во Либија, падна на помалку од 200.000 барели дневно поради континуираното затворање на фабриката, соопшти денеска Министерството за нафта на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).

„Постојат само неколку оперативни нафтени полиња кои произведуваат меѓу 100.000 и 200.000 барели дневно“, се вели во соопштението.

Либиските племенски групи ги затворија повеќето либиски нафтени погони во јужниот и централниот дел на земјата од 17-ти април, со цел да извршат притисок врз премиерот Абдул Хамид Дбеибех да ја предаде власта на владата на Фати Башага назначена од парламентот.

Пред затворањето на фабриката, Либија произведуваше околу 1,2 милиони барели сурова нафта дневно.

Либија има најголеми резерви на сурова нафта во Африка, но производството и извозот на таа енергија се погодени од конфликтите кои во таа земја траат веќе 11 години.


„Dubai-Portal“