По обилните дождови во областа Сарикамис, во турската провинција Карс, на изненадување, но и на радост на многу локални жители, никнаа џиновски печурки, јавува Anadolu Agency (AA).

Жителите кои одеа да берат печурки во шумската област висока 2.500 метри и други области во Асбога, Ацису, Сулудере и Хандере беа изненадени од откритието.

Некои граѓани продаваат печурки, а некои ги користат за храна.
Сенај Ванли, за АА, вели дека лани немало печурки поради сушата.

И Хасан Целат бил изненаден од големината на печурките, велејќи дека досега не видел поголеми печурки.
„Dubai-Portal“










