Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со претседателот на Израел Исак Херцог, јавува Anadolu Agency (AA).
Дирекцијата за комуникации на Претседателството на Турција соопшти дека Ердоган и Херцог разговарале за односите меѓу Турција и Израел и регионалните прашања.
Турскиот и израелскиот претседател Ердоган и Херцог се согласија да го продолжат дијалогот за регионалните прашања, вклучително и безбедноста и борбата против тероризмот, и да ја продолжат соработката за мир и стабилност.
Во соопштението, исто така, се вели дека израелскиот претседател Херцог му се заблагодарил на Ердоган за напорите на Република Турција во борбата против тероризмот.
„Dubai-Portal“











