ДАКА (АА) – Илјадници Рохинџи во бегалските кампови во Кокс Базар на југоисточниот брег на Бангладеш одржаа масовни протести, повикувајќи ја меѓународната заедница да се погрижи за нивното безбедно враќање во Мјанмар, со признавање на правата на државјанство во таа земја, известува Агенција Анадолија (АА).
Припадниците на малцинството Рохинџа, покрај поројниот дожд, одржаа протести во камповите Укија и Текнаф.
„Ние го организиравме собирот пред Светскиот ден на бегалците за да на светот му дадеме до знаење дека сакаме да се вратиме во нашата татковина. Пред да имаме достоинство и одржлива репутација, потребно ни е државјанство“, рече за АА Ансар Али, организатор на протестот.
Ја замоли меѓународната заедница веднаш да преземе мерки за започнување на иницијатива за нивна одржлива репутација.
Илјадници Рохинџи учествуваа во протестите, носејќи транспаренти со натпис „Одиме дома“ и „Прогонети Рохинџи“.
„Бегалците Рохинџи доставија листа на барања од 19 точки“, наведе Али, истакнувајќи дека доколку барањата бидат исполнети, на Рохинџите ќе им биде дозволено да се вратат во Мјанмар и ќе живеат безбедно.
Меѓу барањата е и тоа Рохинџите да се именуваат токму со тоа име, а не раселени луѓе. Покрај тоа, се бара и итна репатријација во согласност со договорот што го потпишаа САД, Обединетите нации, Велика Британија, ЕУ, Организацијата на исламска соработка (ОИС) и Бангладеш, за укинување на законот за државјанство во Бурма од 1982 година и враќање на нивните имоти.
Протестот е организиран со големи мерки за безбедност и заврши без инцидент.
Рохинџите, кои ОН ги опишуваат како најпрогонувано малцинство на светот, беа подложени на жестока воена кампања во мјанмарската држава Ракин во август 2017 година.
Според податоците на агенциите на ОН, мјанмарската војска убила илјадници Рохинџи, присилувајќи повеќе од милион од нив да ја напуштат земјата во последователни бранови на прогон уште од 1990 година.
Само во Бангладеш, во кампот Кокс Базар живеат околу 1,2 милиони Рохинџи, а станува збор за прогонети лица од 2017 година.
Anadolu Agency








