Емотивно видео кое го доловува моментот кога дете од Саудиска Арабија слуша за прв пат стана вирално меѓу корисниците на социјалните мрежи во Кралството.

Видеото објавено од саудиското Министерство за здравство во Наџран доцна во саботата покажува насмеано мало дете, идентификувано како Вајди, како се смее откако го слушнал звукот за прв пат.

Детето беше подложено на операција на кохлеарна имплантација на двете уши во болницата „Крал Калид“ во Наџран, се вели во соопштението на Твитер профилот на министерството.

На снимката се гледа како детето што се смее седи на каучот, додека докторот му се обраќа и му плеска со рацете, за да ја тестира неговата способност за слух.


„Dubai-Portal“