Младо момче од Македонија се удави вчера, првиот ден од пристигнувањето, околу 18 часот на плажата Утјеха кај Бар, јавува порталот Приморски.ме.

Според информациите на овој портал, 22-годишен млад човек вчера пристигнал во заливот меѓу Бар и Улцињ, каде требало да работи сезонски.

На телото немало траги на насилство, а треба да се утврди причината за смртта, а обвинителот ќе нареди обдукција, пренесе порталот.


Nova Tv